Porsche Macan со 434 КС дебитираше во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Централно место на штандот на Porsche во Франкфурт зазема првиот, целосно електричен модел Taycan. Сепак покрај овој модел на штандот дебитираше и Macan со 434 КС.

Оваа верзија под хаубата доаѓа со 2.9 литарски V6 турбо мотор благодарение на кој до 100 км/л забрзува за 4.3 секунди што е за 0.3 секунди побрзо од досега најбрзата верзија.

Со овој мотор, Porsche ќе ја збогати понудата која сега ја сочинуваше еден 2.0 литарски I4 турбо мотор, два дизелски 3.0 литарски и еден 3.6 литарски V6 TT мотор.

За потсетување, актуелната прва генерација од овој модел е претставена во 2013 година на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK