Папараците следат сè: Први фотографии од новиот Golf 8 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Конечно папарaците израдуваа милиони фанови на VW Golf – откако објавија фотографии од новата осма генерација на моделот и тоа додека истиот имаше тестови на „Нирбургринг“. Прототиповите се со изменета каросерија во однос на седмата генерација, а од Volkswagen велат дека осмата генерација ќе има најголема стапка на технички развој на моделот во 44 –годишната историја на Golf.

Уште подобра вест е што заедно со модерните технологии и зачување на околината, VW ќе ги понуди и поспортските верзии GTI и R, кои исто така ќе бидат електрифицирани.

Основниот акцент тука е ставен на новиот 48-волтет хибриден систем. Таа помага во намалувањето на потрошувачката при ограничена работа на бензинскиот мотор, а покрај тоа ќе го постави и почетокот на користењето на електрични турбокомпресори, кое ќе ја подобри динамиката на верзиите GTI и R.

За разлика од многу други ривали, VW планира да предложи осма генерација на Golf во варијанта со 3 и 5 врати плус комби верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK