Ова е продукциската изведба на VW Atlas Cross Sport

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година на американскиот и кинескиот пазар, VW го лансираше SUV моделот Atlas, германскиот производител работи на Cross Sport изведбата од овој модел.

Volkswagen објави дека оваа моделска изведба ќе пристигне во 2020 година, а по бројните рендери објавени на интернет пристигна и официјалниот преку кој може да се види целосниот изглед.

Според кинескиот медиум CNbeta, Atlas Cross Sport кој секако ќе се базира на MQB платформата, е со должина од 4.905 мм што е пократок за неколку мм во однос на стандардната ивездба. Висинат и ширината остануваат исти што значи моделот ќе биде висок 1.989 мм и широк 1.719 мм.

И екстериерно нема многу измени. Недостасуваат единствено предните магленки, барем судејќи по објавениот модел на интернет. Затоа тука се затемнетите стакла како и страничните прагови. Она што е спортско во моделот се моторите. Така овој модел ќе биде достапен со 2.0 литарски турбо бензински мотор како и помоќен 2.5 литарски VR6 мотор со 7 степен DSG автоматски менувач.

Засега нема објавено фотографија од внатрешноста па така не може да се утврдат новостите во екстериерот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK