Освежување на Skoda Kodiaq: Нема веќе твин- турбодизел, ама е постегнат, подинамичен и функционален

ОБЈАВЕНО НА:

Дојде време најголемиот џип на Skoda да добие дотерување со цел да се избегне криза во средината од животниот век. Лансиран во 2016 година и продаден во повеќе од 60 земји, Kodiaq е произведен во повеќе од 600.000 примероци, вклучувајќи го и Kodiaq GT со спортски изглед, достапен исклучиво во Кина. Продавајќи се во конфигурации со пет и седум седишта, теренецот со средна големина се произведува во четири погони и претставува огромен успех за чешката марка.

Козметичките измени не се лесни за откривање веднаш, ако не сте исклучително запознаени со Kodiaq. Има редизајниран капакот на моторот и поисправена предна маска, додека фаровите се потенки од порано и користат оптичка опрема за матрична LED технологија. Направените измени служат за функционална намена бидејќи Kodiaq е малку поаеродинамичен отколку порано откако ги измени браниците и инсталираше нов спојлер поставен на покрив.

Во зависност од нивото на опременост, може да се добие и фејслифтиран теренец со избор на тркала од 17 до 20 инчи. Kodiaq RS со високи перформанси вози на нов комплет полирани тркала од 20 инчи, завршени во металик црна боја и опремени со аеро пластични маски. Сега има дополнителни тркала кои порано не беа достапни за помалите верзии за да им дадат на клиентите повеќе опции.

Влегувајќи во внатрешноста на кабината, изборните ергономски седишта обложени во перфорирана кожа се лансираат со освежената верзија и имаат функција за масирање заедно со греење и електрично прилагодување. Некои нивоа на опременост може да се добијат и со еко седишта изработени со употреба на рециклирани растителни материјали, додека основниот модел добива нов тапацир од ткаенина.

Skoda Kodiaq редизајн 2021

Лансиран во 2016 година и продаден во повеќе од 60 земји, Kodiaq е произведен во повеќе од 600.000 примероци, вклучувајќи го и Kodiaq GT со спортски изглед, достапен исклучиво во Кина. Продавајќи се во конфигурации со пет и седум седишта, теренецот со средна големина се произведува во четири погони и претставува огромен успех за чешката марка

Воланот со два крака што го видовме на другите модели на Skoda се додава и на Kodiaq, како и пософистицирано LED амбиентално осветлување. Има ажуриран звучен систем Кантон со десет звучници (наместо со претходните осум) со сабвуфер, заедно со најновиот кластер на дигитални инструменти на компанијата од 10,25 инчи и 9,2 инчен екран на допир.

Како што претходно беше објавено, Kodiaq RS го губи својот мотор со двата турбодизела. Наместо тоа, 2.0-литарскиот TSI што го има во Octavia RS ќе биде инсталиран во SUV со три реда седишта, комплетен со 245 КС или 5 КС повеќе од BiTDI. Тоа е исто така полесен за 60 килограми додека ревидираниот седумбрзински DSG има за 5,2 кг. помалку тежина.

Skoda не открива колку вртежен момент генерира бензинската единица, но има 370 Нм во TSI погонот кај Octavia RS. Ако тој број биде пренесен во освежената верзија на Kodiaq RS, тоа ќе претставува значителен пад од вртежниот момент на дизелот 500 Нм.

Останатите достапни мотори вклучуваат 1.5-литарски TSI со 148 КС за основниот Kodiaq само со погон на предните тркала, што ќе биде единствената верзија со шестстепен мануелен менувач.
Исто така, достапен е и 2.0 TSI со 187 КС, а исто така е и 2.0 TDI Evo со 148 КС или 197 КС. Во зависност од изборот на погонскиот агрегат, купувачите можат да нарачаат SUV со седумстепен DSG и опционален погон на сите четири тркала.

Фејслифтингот на Skoda Kodiaq ќе се најде во продажба во Европа од јули.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK