Обновената Kia Forte претставена во Кореја

ОБЈАВЕНО НА:

Kia во Јужна Кореја го претстави фејслифтот на третата генерација на моделот Forte. Овој седан доаѓа со минимални ентериерни и екстериерни измени. Во надворешноста воочлива е разлика на предниот и задниот браник како и мала измена на задните LED светла. Во однос на внатрешноста, додадени се нови седишта и нов инфотејнмент систем.

Во внатрешноста унапреден е 10,25 инчниот инфотејнмент систен како и исто толку инчната дигитална табла. Основниот модел доаѓа со помали екрани, 4,2 инчна дигитална табла и 8,0 инчен инфотејнмент екран.

Очекувано, нема ниту димензионални промени. Должината останува 4.640 мм, ширината 1,800 мм, висината 1,440 мм. Меѓуоскиното растојание останува 2,700 мм. Нема промеа ниту во однос на мотористиката.

Во понудата, во зависност од регионот, остануваат три бензински и еден дизелски мотор. Бензинската понуда ја сочинуваат две верзии на 1,6 литарски и еден 2,0 литарски мотор. Дизелскиот е 1,4 литарски.

Обновениот Forte кој е познат и под називите Cerato и K3, и понатаму останува недостапен за европските купувачи. Овој модел ќе продолжи да се произведува во Јужна Кореја, Мексико, Алжир, Кина и Русија, а ќе се продава на вкупно пет континенти. Цената останува засега непозната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK