Објавена внатрешноста на Kia Mohave

ОБЈАВЕНО НА:

Минатиот месец Kia објави фотографии од екстериерот на новиот, голем SUV, Mohave. Сега, по само неколку недели обелоденет е и изгледот во внатрешноста.

Уште на прв поглед јасно видлива е луксузноста и пространоста. Така централно место зазема големиот екран осетлив на допир преку кои може да се задаваат најразлични команди.

Тука е и двозонската автоматска клима, управувачот со команди, можноста за задавање на гласовни команди како и луксузните и комфорни седишта. Видливи се и квалитетните и сјајни елементи од кои е создадена внатрешноста.

Инаку станува збор за втората генерација на Mohave која во продажба ќе се појави до крајот на оваа година. Првата генерација се произведува(ше) во Јужна Кореа, Русија и Казахстан.

Засега нема официјални со какви се мотори ќе биде понуден. Актуелната прва генерација е достапна со 3.0 литарски, 3.8 литарски и 4.6 литарски V8 бензински мотор.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK