Новиот плаг-ин Mitsubishi Outlander со премиера на 28 октомври

ОБЈАВЕНО НА:

По серијата на тизер фотографии, Mitsubishi ги објави фотографиите од надворешноста и внатрешноста на плаг-ин варијантата на новата генерација на Outlander чија официјална промоција е закажана за 28 октомври. Продажбата на новиот PHEV Outlander ќе започне во Јапонија кон средината на декември (a во Америка треба да пристигне на почетокот на следната година), со избор од 10 бои (вклучувајќи ја и новата боја Black Diamond), како и двобојни 20 инчни алуминиумски фелни.

Јапонците сепак се уште не објавија детали, освен најавата дека новиот Outlander Plug-in Hybrid ќе има поголема моќност, поголеми батерии и подолга автономија во електричен режим. Она што е познато е дека покрај моторот со внатрешно согорување ќе има и два електромотори.

Во февруари годинава, Mitsubishi Motors ја претстави новата генерација на Outlander, прво со само 2,5 литарски бензински мотор со моќност од 184 КС и вртежен момент од 245 Nm (со автоматски менувач и систем на Мицубиши „Super All-Wheel Control 4WD“).

Новиот Outlander е базиран на платформата на новиот Nissan Rogue, додека изгледот е инспириран од концептот Engelberg Tourer што јапонската фабрика го претстави на салонот во Женева во 2019 година. Во однос на димензиите, новиот Outlander е 5,1 см поширок од неговиот претходник и има меѓуоскино растојание зголемено од 267 см на 271 см, така што нуди и 2,8 см повеќе простор за нозе за патниците во вториот ред. Возилото е долго 468 см, широко 186 см и високо 175 см.

Outlander стандардно има три реда седишта, со материјали со повисок квалитет, 12,3-инчни дигитални инструменти, 9,0-инчен централен екран, Android Auto и Apple CarPlay. Опремата вклучува 11 воздушни перничиња, адаптивен темпомат, систем за држење лента, навигација, хедап дисплеј во боја, аудио систем Bose со 10 звучници …

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK