Новиот Audi A4 доаѓа во 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Иако нема официјални информации, сепак се погласни се гласините дека новата генерација на моделот A4, Audi ќе ја лансира во текот на 2022 година.

Германскиот производител оваа година ја претстави подновената А4-ка од петтата генерација која ја претстави во 2016 година, а која доаѓа со неколку екстерни измени.

Сепак сега се зборува дека новата, шестта, B10 генерација ќе биде претставена во 2022 година односно шест години по премиерата на актуелната генерација.

Ќе се темели на MQB платформата, а ќе дојде со големи измени во изгледот, како надворешниот тка и внатрешниот. Благодарение на одредените компоненти, оваа генерација ќе биде полесна, но со не толку драстични измени во поглед на димензиите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK