Новата Mercedes S класа премиерно на 2 септември

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од пред две години датираат најавите за новата генерација на мерцедесовата S класа. Сега и официјално производителот од Штутгарт потврди дека премиерата на истата доаѓа на 2 септември.

Старата, актуелна генерација од оваа класа датира уште од 2014 година, а новата која го доби кодното име W223 доаѓа со бројни новитети. Покрај радикалната измена на надворешниот изглед кој ќе ја следи актуелната дизајнерска филозофија која се применува кај моделите претставени последните две години, новата генерација доаѓа и со целосно нова внатрешност.

Луксузот комбиниран со најнапредната технологија развиена од Daimler и неговите добавувачи треба да придонесе за воспоставување на нов стандарди во поглед на луксузот во соодветната класа.

Mercedes S

Така на пример внатрешноста доаѓа со пет големи екрани осетливи на допир со OLED тенологија. Оние кои се прицврстени на задниот дел од предните седишта се и со 3D приказ, а во опремата доаѓаат и со 3D наочари.

Тука е и E-ACTIVE BODY CONTROL системот, PRE-SAFE системот кој сега е уште понапреден како и Active Parking Assist системот со камера од 360 степени.

Повеќе информации околу техничките карактеристики ќе бидат познати за време на премиерата.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK