Нов тизер за Polestar 2

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година премиерно го претстави својот прв модел, Polestar во пресрет на премиерата закажана за оваа година објави тизер и од вториот свој модел именуван како Polestar 2.

Засега не се откриваат многу детали околу изгледот, но се очекува екстериерот да биде во целост инспириран од Polestar 1 како и актуелните Volvo модели. Она што е познато е дека за разлика од Polestar 1, овој модел доаѓа со четири врати во т.н. fastback изведба.

Како целосно електричен автомобил Polestar 2 ќе биде вистински конкурент на моделот 3 на Tesla, а за да може да биде достоен конкурент, инжинерите на Volvo Cars во овој автомобил ја вградија последната достапна технологија во автомобилската индустрија.

Така благодарение на техничките карактеристики, овој модел располага со 395 КС, а со едно полнење ќе може да оствари дострел од околу 480 км.

Производството на овој модел ќе се одвива во фабриката во Чанду, Кина, каде се спроведува и производството на моделот 1 на Polestar. Покрај во продажно-изложбени салони, овие модели ќе може да се порачуваат и онлајн, а во одредени земји ќе се нудат со 2 и 3 годишна претплата.

Инаку Polestar е спортски бренд во сопственост на Volvo Cars. Основан е во 1996 година во Гетеборг (Шведска). Преку овој бренд Volvo Cars ќе се натпреварува во сегментот на електрични и спортски автомобили, а минатата година беше потврдено дека Polestar ќе произведува само електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK