Наскоро доаѓа новиот Nissan Note

ОБЈАВЕНО НА:

Експанзијата на нови модели на Nissan и обновување на веќе постоечките и натаму продолжува. Како што пренесуваат јапонските медиуми во текот на овој месец своја премиера ќе има новата генерација на моделот Note.

Станува збор за третата генерација на овој модел кој ќе ја замени актуелната која датира уште од 2012 година.

Она што е засега познато е дека на новата генерација ќе биде аплицирана новата дизајнерска филозофија која се применува кај сите модели претставени оваа година. Доаѓа и со поголемо меѓуоскино растојание кое треба да обезбеди повеќе простор во внатрешноста.

Покрај со традиционални бензински мотори, во понудата доаѓа и со комбиниран 1,2 литарски бензински и електромотор.

Nissan Note

Производството на овој модел и натаму ќе продолжи во Јапонија, а засега не е извесно дали ќе се најде во европската понуда на Nissan.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK