Најскапите автомобили на саемот во Женева (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Женева веќе традиционално е местото каде што се пожуваат најсилните тјунинг изработки, како и најновите супер автомобили. Оваа година саемот не направи исклучок, па посетителите можеа одново да ги видат најбрзинте, најлуксузните и најскапите автомобили во светот.

Во продолжение ќе можете да ги видите овие автомобили кои беа покажани на саемот во Женева. За некои има и долга листа на чекање, некои се распродадени, најечесто со ограничена серија на производство, но сите извлекуваат многу воздишки …

Bugatti La Voiture Noire

Уникатниот хипер автомобил La Voiture Noire сè уште не е завршен, но неговата цена е веќе позната и изнесува 11 милиони евра. Автомобилиот претставува современа интерпретација на Type 57 SC Atlantic и е направена на база на Bugatti Chiron.

Koenigsegg Jesko

Овој хипер автомобил има претензии за најбрзиот сериски автомобил во светот и претставува силно модернизирана верзија на моделот Agera RS. Неговата цена е три милиони американски долари, а серијата ќе се состои од 125 примероци.

Bugatti Chiron Sport 110 ans Bugatti

Повторно Bugatti. Автомобилот е базиран на спортската модификација Chiron Sport и е направен во чест на 110-годишниот јубилеј на брендот. Серијата ќе биде од 20 примероци, а цената на секој е 2,8 милиони евра.

Hispano Suiza Carmen

Враќањето на легендарниот Hispano Suiza е под формата на електромобил, а дизајнот наликува на Hispano Suiza H6С Dubonnet Xenia од 1938 година. Ќе бидат направени 19 примероци, а секој од нив ќе чини 1.5 милиони евра.

Rimac C_Two

Компанијата од Хрватска, Rimac го покажува новото купе, кое е со фантастични карактеристики. Моќноста е 1914 коњски сили, а забрзувањето до 300 км/ч одзема 11.8 секунди. Цената е 1,5 милиони долари.

Mansory Rolls-Royce Cullinan Billionaire

Работнилницата за подесување, позната по своите големи проекти и овој пат не остана поназад. Во Женева, Mansory покажа доработениот Rolls-Royce Cullinan, кој е украсен со нескромното име  Billionaire и се нуди за 750.000 евра.

Brabus 850 6.0 Biturbo 4×4² Final Editon

Ова е надградба на бруталната верзија на претходната G-Klasse и AMG G 63 4×4². Надградбата е со моќност од 850 коњски сили и забрзува до 100 км/ч за 4,7 секунди. Ќе бидат произведени само пет примероци, а цената е 400.000 евра.

Lamborghini Aventador SVJ Roadster

Тоа е најбрзиот и најскапиот откриен Lambo. Максималната брзина му е 350 км/ч, а заслуга за тоа има фантастичниот V12 агрегат. Серијата ќе биде од 800 примероци, со 350 различни украси. Цената е 380.000 евро.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK