Најмоќниот Tоuаrеg станува плаг-ин хибрид (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најновиот Vоlkswаgеn Tоuаrеg R, доби хибридна верзија со плаг-ин функција за полнење. Малку пред премиерата на новиот производ, која е закажана за 3 март во Женева, компанијата откри некои детали за новиот модел.

Хибридната моќност вклучува трилитарски бензинов турбомотор и електромотор. Системната моќност е 462 коњски сили, а максималниот вртежен момент 700 Нм. За хибридното СУВ се предвидени систем за движење на сите тркала и осумстепен автоматски менувач.

Според прелиминарсните податоци Tоuаrеg R ќе има адаптивна суспензија со неколку режими на возење, вклучувајќи и таква, само на електрика. Капацитетот на батеријата од 14,1 килоатчасови е достапен за изминување на 45 километри, а максималната брзина на струја ќе биде 140 километри на час.

Другите динамични карактеристики на моделот се чуваат во тајност. Vоlkswаgеn Tоuаrеg R ќе се појави на европскиот пазар на крајот од 2020 година, а цените ќе бидат објавени подоцна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK