Најава – Toyota со три модели на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Париз, од 4. до 14. октомври ќе биде центарот на автомобилската индустрија, местото каде ќе се одржи последниот голем саем за автомобили оваа календарската година. 24auto.mk во наредните неколку денови ќе ви претстави што се големите производители подготвуваат за овој саем.

Иако бројни производители се решија да не настапат на овој саем, Toyota иако без светска премиера, на саемот во центарот на вниманието ќе прикаже три модели.

Најпривлечен ќе биде моделот Camry кој всушност за прв пат се појавува во европско тло. Овој добро продаван автомобил во САД од крајот на оваа година ќе биде достапен и во Европа како замена за Avensis. На овој саем ќе биде претставена и хибридната изведба од овој модел.

Откако во Женева годинава беше одржана светската премиера на моделот Auris (подоцна премиенуван како Corolla во глобални рамки), јапонскиот производител во Париз ќе ја претстави караванската изведба од овој модел. Corolla Touring Sports како што е целиот назив ќе ја замени постоечката генерација на Auris, а неофицијално ќе биде единствената Touring изведба на Toyota од следната година.

Не помалку привлечна ќе биде GR, спортската изведба на Yaris. Овој автомобил кој располага со 150 КС во споредба со основниот модел изгледа далек поспортски благодарение на спортските фелни, двотонската црно-бела и црно-црвена боја, како и спортските седишта.

Останува да видиме дали можеби Toyota на овој саем ќе не изненади со по некој нов концепт.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK