My AMI Cargo: Уникатно и умно електрично решение за професионалците (Фото/Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Со претставувањето на My Ami Cargo, уникатно и паметно електрично решение за испорака, Citroën продолжува да иновира за професионалците, нудејќи ги сите придобивки од Ami и вкупен корисен волумен од преку 400 l и корисна носивост од 140 kg благодарение на оптимизиранот модуларен простор во делот кај совозачкото седиште.

Семејството на Ami расте, со доаѓањето на комерцијалниот модел, My Ami Cargo, иновативното економично решение на пазарот, во целост електрично, ултра-компактно и дизајнирано да излезе во пресрет на потребите на професионалците, од испорака на мали пакети на кратко растојание во урбани средини, па до патување од град до град.

РЕШЕНИЕ АДАПТИРАНО ЗА НОВИТЕ ПОТРЕБИ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ
Ограничувањата поврзани со градското возење, потребата за решение со нула емисија и значителниот раст на потребата за испорака на пратки се сите елементи што го наведоа Citroën да го развие My Ami Cargo, комерцијална верзија на моделот Ami. Тоа е идеално решение, електрично, лесно за управување, практично и економично, нудејќи им на професионалците смиреност при организација на работата, со решение што досега не постоеше.

Во My Ami Cargo, Citroën создаде модуларен товарен простор веднаш до седиштето на возачот, за пренос на пратки, пошта, алат и предмети од секаков вид, целосно безбедно. My Ami Cargo на тој начин нуди функционален простор за складирање комбиниран со придобивките на електрично возило. Нуди поголема заштита во споредба со возила на две или три тркала и дава можност за поголема агилност отколку лесните комерцијалните возила од повисок сегмент, благодарение на ултра-компактната форма и лесниот начин на управување.

My Ami Cargo е погоден за урбани услуги за испорака, кои се мултиплицираат, особено со растот на е-трговијата и со достава на храна до својот дом. Станува збор за корисно решение за многу други намени, вклучително и локални услужни фирми (водоводџии, електричари и бравари), трговци-поединци како медицински сестри, административци, локални власти и здруженија. My Ami Cargo е наменет за индустриски подрачја, каде одреден број на вработени реализираат повеќекратни посети од една структура до друга за достава на документи, алат, мала опрема и сл., за повеќе намени и инфраструктури во туризмот, како што се кампови, со што се прави значителен број на кратки патувања на дневна основа со цел информирање или помош за своите клиенти.

ПОГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ ВО ПОКОМПАКТНА ФОРМА
Верзијата „поединец” на Ami ги изненадува сите со просторот во внатрешноста. Сè уште претставува  една од основните одлики на My Ami Cargo, генијалност „мал однадвор и голем одвнатре”. My Ami Cargo го задржува нетипичниот изглед на Ami, кој изнудува допадливост на прв поглед. Промените се видливи во внатрешноста, со распоред во патниичкиот дел со 260 l дел за складирање, кој може да прими корисна носивост од 140 kg, благодарение на замена на совозачкото седиште со модуларна заштитна кутија составена од 7 пропиленски делови:

  • Вертикална преграда што го одделува делот на возачот од товарниот дел.
  • Модуларна полица – служи како капак со можност да издржи 40 kg тежина 
  • адаптирана на горната страна да формира вистинска подвижна маса.
  • Рамен под прилагодлив на 2 нивоа.
  • Затворена кутија за складирање, во задниот дел, дизајнирана да собере вкупно, My Ami Cargo има корисна зафатнина од над 400 l.

    My Ami Cargo

    Оваа нова електрична понуда е соодветен и модерен одговор за грижите на локалните услужни компании, услуги за испорака, трговци, занаетчии, трговци-поединци, локални власти и административци, па дури и производители

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ
За да ја пренесат сликата за нивната компанија преку My Ami Cargo, клиентите наскоро ќе имаат можност за подетална персонализација на надворешноста, согласно нивните барање. Флоти со помалку од 10 возила ќе имаат можност да го постават своето лого на нивните возила My Ami Cargo, преку нашиот партнер или на веб-страната за продажба на Ami или на citroen.fr. А за возен парк со повеќе од 10 возила, сервисните центри на Citroën пред  испораката ќе можат да интервенираат директно на My Ami Cargo, да ја обојат каросеријата во избраната боја, да постават лого во форма на налепница или да постават прекривка за да ја претстават компанијата.

СИТЕ ПРИДОБИВКИ НА AMI ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ
Citroën профитира од предностите на Ami: електричен, економичен, лесен за управување, компактен, агилен во град, се полни на стандарден приклучок од 220V, вграден кабел за полнење итн.

И над објектот како целина, целиот екосистем на Ami го редизајнира искуството на клиентот, целосно дигитален, како и ненадминливиот метод за дистрибуција.

MY AMI CARGO НАСЛЕДНИК СИЛНИТ ЕСТРАНИ НА AMI

ЕЛЕКТРИЧЕН: Првата карактеристика на My Ami Cargo е неговата електричност, па токму затоа тој има нула емисија на CO2. Професионалците затоа имаат целосен пристап до регулираните делови во централното подрачје, истовремено уживајќи во лесно и тивко возење благодарение на инстантно достапен вртежен момент при стартување на возилото. Неговата 5.5 kWH литиум-јонска батерија се полни на стандарден приклучок за само 3 часа, едноставно како кај паметните телефони. Испорачува опсег за возење од 75 km, што совршено одговара за кратки патувања во или во близина на урбани центри. Моторот со моќност од 6 kW овозможува максимална брзина од 45 km/h.

  • АГИЛЕН: My Ami Cargo располага со ниско подвозје, правејќи го да биде компактен и агилен. Со мала големина – 2,41 m должина, 1,39 m  ширина и 1,52 m висина – заедно со изненадувачки лак при свиоци од 7,20 m, го поедноставува возењето, управувањето и паркирањето во град.
  • ЗАШТИТНИЧКИ: My Ami Cargo овозможува супериорна заштита во споредба со возилата на две или на три тркала, благодарение на неговата челична турбуларна структура што штити од удари. Понатаму, ви овозможува да патувате дури и при лоши временски услови во својот затворен и затоплен простор за патници. Висината на My Ami Cargo како и положбата при управување се на иста висина како останатите возила на патот, со што се овозможува добра видливост. Застаклените површини (ветробранското стакло, страничните прозорци, задното стакло и стаклениот покрив во стандардна опција) над каросеријата нудат видливост од 360° и светлина во внатрешностшноста, со што се добива чувство на благосостојба.
  • ПРИЛАГОДЛИВ: инспириран од верзијата Ami Ami, My Ami Cargo им овозможува на клиентите да го прилагодуваат своето возило согласно нивните желби. Широка палета на дополнителна опрема во понуда: мрежа на вратите, патосници, прегради за складирање, држачи за смарт телефони, куќиште DAT@MI за поврзување на вашиот смарт телефон, го прават My Ami Cargo да биде пофункционален. Соодветна опрема за чување на предметите при отворање на вратата на совозачот: мрежа за држење на товар е поставена вертикално на страната на товарниот дел.

Овие додатоци се достапни на страната misterauto.com, практичен и брз начин за нарачка на артиклите што ќе ви бидат директно доставени до вашиот дом или работно место. Страната е достапна и преку апликацијата My Citroën. Паралелно, тие можат да се нарачаат и директно во овластените мрежи на Ami Citroën и мрежата на Eurorepar Car Services.

My Ami Cargo, нова и неконвенционална понуда за мобилност наменета за професионалците, со ненадминлив сооднос цена/карактеристики/заштита, ќе биде достапна за нарачка во Франција на крајот на мај on-line преку store.citroen.fr/ami.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK