Mercedes со тизер видео за новиот модел кој ќе го претстави на 4. септември

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 4. септември во Стокхолм (Шведска), Mercedes објави тизер видео за новиот модел EQC.

Иако нема официјална потврда околу техничките карактеристики, се претпоставува дека овој модел ќе располага со 70 кWh батерија со чија помош може да се помине речиси 500 км. Забрзувањето до 100ка се очекува да изнесува нешто помалку од 5 секунди.

EQC моделот е развиен на посебна платформа развиена од страна на германскиот производител, а исклучиво наменета за идните електрични возила. Токму во наредниот период се очекува Mercedes да објави дополнителни датуми за премиера на нови електрични автомобили со што ќе го задржи чекорот со BMW и Audi кои интензивно работат на развојот на нови EV модели.

Иако најавен уште во 2016 година, овој концепт конечно ќе го дочека светлото на денот. Местото на светска премиера е одбрано во Стокхолм поради тоа што токму во оваа скандинавска земја германскиот производител го тестираше автомобилот на екстремни зимски услови. Светската саемска премиера е закажана за саемот во Париз во октомври годинава.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK