MAZDA го покажа CX-90 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот оддел на MAZDA ги објави првите официјални детали за целосно новата и прва од ваков вид понуда на брендот, моделот CX-90.

MAZDA CX-90 беше развиен на целосно нова платформа, што му овозможи на тимот на брендот да го имплементира SUV моделот во конфигурација со три реда седишта, адаптивна суспензија Kinematic Posture Control, систем за погон на четири тркала i-Activ, како и во електрифицирани модификации.

„Како и кај сите возила на Mazda, CX-90 е дизајниран имајќи го предвид возачот. Со седишта за најмногу осум лица, CX-90 може да смести семејства и пријатели во сите три реда. Просторот во кабината, капацитетот на товарот, безбедносните системи и многу удобности се оптимизирани за нивните потреби, се вели во соопштението на компанијат.

CX-90 доаѓа со нов 3,3-литарски, шестцилиндричен, линиски e-Skyactiv G мотор кој ветува максимална моќност од 340 КС, чија работа е потпомогната од електричен мотор.

Моделот е достапен и во plug-in хибридна (PHEV) верзија e-Skyactiv, која доаѓа со максимална моќност од 323 коњски сили и е исполнета со модул за батерија со капацитет од 17,8 kWh.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK