Peugeot 208 им „фрли ракавица“ на ривалите во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot има испишано историја со претходните модели. И имал тешка задача, треба да ја оправда историјата, а воедно да ја предвидува и создава иднината

Ако годинава сакате да купите автомобил од Б сегментот, тогаш сигурно ќе имате главоболка бидејќи повеќе производители ги промовираа своите модели. И она што го има на европскиот пазар секогаш брзо стигнува и во Македонија. Во таа мешаница сите сакаат да имаат најдобра стартен број. Peugeot 208 на македонскиот пазар сега и официјално е промовиран, „фрлајќи им ракавица“ на своите конкуренти. Но, секако малиот лав има што да покаже, со што да се пофали и да понуди нештo плус, нешто поинакво од конкуренцијата. Оние што ги сакаат француските возила сигурно ќе имаат само пофалби, зошто малиот 208 сега е многу повеќе од обично градско возило. Другите ќе се уверат дека сега Peugeot 208 отишол надвор од границите за кои сте знаеле или во кои сте мислеле дека ќе биде.

Новиот Peugeot 208 се нуди во 4-ри новоа на опременост – Like, Active, Allure и GT Line. Цената на моделот се движи од 12.990 евра за бензискиот PureTech мотор со 75 КС, па се до 22.660 евра за GT-Line изведба со бензиски PureTech агрегат со 130 КС и 8 степен автоматски менувач.

Малиот лав е моќен, атрактивен и атлетски граден. На улица, ќе биде забележителен во секоја прилика.На предната маска, доминираат светла во форма на лавовски заби. Предни светла, кои се земени од многу поголемиот брат Peugeot 508. Решетката од напред е голема и хромирана, со дизајн кој го надополнува енергичниот изглед на возилото. Странично имаме атлетски градено возило, а неговата вкупна должина изнесува 4,06 м, што е за импресивни 9 см повеќе од моделот од претходната генерација.

Новиот 208, во висина е за 3см е понизок и 6см е поширока во однос на претходниот модел. Со новите димензии поставен на новата модуларна CMP (Common Modular Platform), новиот 208 има и подобро однесување на патот и поголем конфор за патниците.

Од позади најпрво се забележуваат стоп LED светлата во форма на лавовски канџи. Станува збор за 100% Led светла, вклучени и дење и ноќе, со цел да бидете забележани во секое време и при секакви услови на патот од сите учесници кои се наоѓаат зад вас. Истото е пред сè од безбедносен аспект, но со тоа дополнително се зголемува шармот на возилото.

Внатрешноста ќе ве освои уште од првото запознавање… Тронот припаѓа на револуционерен 3D i-Cockpit, за прв пат е интегриран во овој модел. 3D инструмент табла со холограмски приказ. Две површини, поставени една зад друга кои истовремено прикажуваат податоци согласно приоритетот/важноста. 10’’ eкран на допир, позициониран соодветно на возачот. Чист и современи линии на столбот на кој се поставени прекинувачи/дирки, кои се скратена патека до командите кои сакате да ги зададете….

Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите.

Кога станува збор за бензиските PureTech мотори, се работи за трицилиндричните 1,2 литарски мотори, кои испорачуваат сила од 75, 100 и 130 КС. Во однос на менувачите, во понуда се достапни два мануелни менувачи, 5-то степен и 6-то степен, како и автоматскиот менувач со 8 брзини. Дизелскиот Bluе HDI четирицилиндичен 1,5 литарски мотор испорачува сила од 100 КС. Овој мотор е придвижуван од 6-то степен мануелен менувач.

Во однос на бројната технологијата вградена во новиот лав, вредно е да се спомене:
– 3D инструмент таблата – иновација чие што прво појавување е резервирано токму кај nовата 208ца;
– 10’’ екран на допир кој може да се контролира преку гласовна компанда, компандите на управувачот, преку допир или преку 7те дирки за брз пристап;
– 3D навигација;
– Mirror screen;
– Простор за безжично напојување на телефонот;
– Новиот систем Drive assist кој овозможува полу-автономно возење со помош на опрема од најновата генерација, најдобра во овој сегмент;
– Потоа тука се адаптивниот темпомат со функција Stop&Go, системот за задржување на возилото во коловозната лента, Park Assist системот, напредниот систем за препознавање на знаци на патот;
– Електричната паркирна сопирачка итн…

Целокупното производство на овој модел ќе се одвива во фабриката на PSA Групација во Мароко, а за целите на производството на овој модел компанијата инвестираше дополнителни 557 милиони евра. При тоа планирано е годишно производство од 200 илјади автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK