Новиот СУВ од BMW сега и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото кое за прв пат го претстави сегментот на SAV спортски возила со средна големина во 2003 г. - BMW X3, денеска во Скопје ја доживеа македонската премиера на својот најнов модел. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар во својот продажно сервисен центар во Скопје, ја претстави третата генерација на моделот BMW X3.

Од првото претставување досега, BMW бележи над 1,5 милиони новорегистрирани X3 возила од досегашните две генерации на моделот. Денес, новиот BMW X3 е на пат да го отвори следното поглавје на една успешната приказна со уште поатрактивен, поспортски и динамичен дизајн, моќни, но и ефикасни системи на погон и луксузна опрема. Како и останатите припадници на успешната X фамилија, тој спојува исклучителен квалитет на возење при секаков терен, со неограничени можности за секојдневна примена.

Возилото кое ви го претставуваме денеска е модерно и уште поспортско од неговите претходници, но при тоа ни малку не губи од удобноста на возењето. Третата генерација на BMW X3 ги следи чекорите на своите претходници, комбинирајќи суров теренски изглед и спортски шарм со уште поефикасни мотори, опрема и интелигентен, лесен дизајн. Инженерите на BMW овој пат инкорпорираа далекусежни модификации на шасијата со цел значително да ја подобрат динамиката на возењето, стабилноста во насочувањето и чувството на управување кај новиот BMW X3, изјави Александар Ордевски, на официјалната промоција.

Ригорозната BMW EfficientDynamics стратегија за развој на новиот BMW X3 вклучува мотори со оптимална заштеда на гориво и сеопфатна примена на интелигентни мерки за лесен дизајн.

Кај новиот BMW X3 ќе бидат достапни два дизел и три бензински мотори.
За прв пат кај BMW X3 се воведува возио со M перформанси. Toa e BMW X3 M40i со импресивна моќност од 360 КС.
Двата дизел модели се BMW X3 xDrive20d со 190 КС и BMW X3 xDrive30d кој развива 265 КС.
Сите верзии на мотори се комбинираат со оптимизираната верзија на Steptronic преносот со осум степени, и тоа како стандардна опрема.

Новиот BMW X3 поседува најдобар коефициент на отпор на воздухот од Cd = 0.29 во својата класа. Возилото го карактеризира модерен дизајн и три нови варијанти на модели.
Варијантите xLine, M Sport и Luxury Line и целиот спектар на индивидуални опции овозможуваат уште попрецизно адаптирање на изгледот на BMW X3 на индивидуалниот вкус на клиентот. Моќниот, динамичен преден дел на новиот BMW X3 е нагласен со крупните отвори т.н. бубрези и светлата за магла со шестоаголен дизајн, за прв пат претставени на модел од семејството X. А задните светла одзади со тродимензионален изглед со целосна LED технологија, накосениот спојлер на покривот како и двојните издуви го заокружуваат неговиот атлетски изглед.

Нивото на удобност кај новиот BMW X3 е сега уште повисоко, со редица на нови опции за опремување како трозонски автоматски клима уред, пакетот Ambient Air, активна вентилација на седиштата, карго функција на стандардните задни седишта кои се делат/собираат 40:20:40 и панорамски стаклен покрив кој му дава дополнителна свежина на ентериерот и уште повеќе го подобрува квалитетот. Кога станува збор за опремата, сосема нов елемент е опцијата BMW Display Key, која не само што го заклучува и отклучува возилото со далечинско управување, туку и прикажува редица статусни информации за возилото и служи како контролна единица за, на пример, помошното греење. Новиот BMW X3 може да се опише како модел со најнова генерација на Active Cruise Control и Driving Assistant Plus безбедносен пакет за контрола и асистенција при возење, вклучувајќи го и помошникот за контрола на управување и одржување на правец Lane Change Assistant и асистентот за придржување во лента Lane Keeping Assistant со странична заштита од удари. Овој широк распон на системи за асистенција јасно го издвојува новиот BMW X3 од останатата конкуренција.

Новиот BMW X3 поседува нова, флексибилна, интегрирана платформа на BMW Connected за беспрекорно да го интегрира возилото во дигиталниот живот на корисникот. Ова значи дека корисникот може да пренесува информации, како што се адреси од календари од телефонскиот апарат во автомобилот, автоматски да ги внесува дестинации во системот за навигација и да пресметува оптимално време за отпочнување на патувањето. Во меѓувреме, опцијата за гласовен асистент Voice Assistant му овозможува на возачот да користи разговорен јазик кој го претвора во соодветни дејствија, наместо да мора да користи сет на говорни команди. Head-Up дисплејот на новиот BMW X3 по квалитетот на опциите за графичкиот приказ, резолуцијата и дисплејот нема конкуренција во својата класа.

ПР соопштение на М кар

Следете не и на:

24AUTO NETWORK