Луксуз на француски начин – почнаа нарачките на Peugeot 508 PSE

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot почна да прима нарачки за новиот 508 PSE (Peugeot Sport Engineered) во Германија, каде што е достапен во два каросериски изведби. Моделот „лифтбек“ има почетна цена од 66.640 евра, а караванот може да се купи за цена од 67.940 евра.

Со комбинирање на моторот со внатрешно согорување со два електромотори, возилото постигнува моќност од 265 kW / 360 ks. Погонот на сите тркала може да обезбеди оптимално влечење во сите временски услови. Моторот е турбо 1.6 литарски, со осум степен автоматски менувач.

Според францускиот производител забрзувањето на моделот од 0 до 100 км/ч. е 5,2 секунди и има максимална брзина од 250 км/ч.
Батеријата со сила од 11.5 kWh и може да биде наполнета за помалку од 2 часа од 7 кW ѕиден приклучок, и има можност да се минат 42 км. во електричен погон. Хибридите штедат 2 литри на 100 км. во WLTP циклус и емитува 46 г/км. ЦО2.

Веќе динамичниот изглед на Peugeot 508 е изострен со многу нови нијанси во 508 PSE. На пример, новата маска на ладилникот во црна боја со лебдечки летви, странични спојлери и бандажи со дијаметар од 20 инчи и гуми Pilot Sport 4S, обезбедуваат поспортски изглед и се од Michelin.


Вентилационите отвори имаат боја криптонит, што исто така може да се најде во таканаречениот „и-кокпит“, на пример, во графичките точки на дигиталниот инструмент и во централниот 10-инчен HD екран.

За 508 PSE има избор од три бои на каросеријата: селен-сива, црна Перла Нера и бисеро-бела боја. Сите монограми на автомобилот се црни за да се нагласи спортскиот карактер на моделот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK