Lexus пушта ограничена серија од 70 возила од моделот LC

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонската компанија Lexus претстави нова верзија на своето купе LC, кое доби додаток во името – Aviation и ќе има ограничено издание од 70 примероци. Цената не е објавена, ама нема да биде евтино, а после извесен период ќе биде уште поскапо кога колекционерите ќе сакаат да ги купат.

Автомобилот ќе биде достапен и за двете модификации – LC 500 и LC 500h, кои се разликуваат од стандардниот модел по својот мазен заден спојлер, изработен од пластика и армиран јаглерод.

Овој елемент е создаден од мајсторите кои учествувале во култниот проект Lexus LFA, и вклучува опуштени „крилја“, чија задача е да формираат вртлог и да ги компензираат турбуленциите. Ова треба да ја подобри реакцијата на управувачот, удобноста и стабилноста при големи брзини.

Специјалната верзија на Lexus LC добива 21-инчни тркала, затемнета решетка и странични влезови на воздухот, како и затемнети фарови. Кабината е наречена Aviation Black, и во неа има Алкантара на воланот, на рачката на менувачот и на внатрешноста на вратите. Опсегот на бои за моделот е претставен со бела, сребрена и црна боја.

Технички автомобилот не е променет. Под хаубата на LC 500 се наоѓа 5,0-литарски V8 мотор со 471 коњски сили, додека LC 500h се напојува од енергетска единица која се состои од 3,5-литарски V6 мотор и два електромотори. Вкупната моќност е 354 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK