Lеxus ги покажа надградбите на NX со првиот plug-in хибриден погон

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Lеxus плaнирa дa прeтcтaви 20 нoви или oбнoвeни мoдeли дo 2025 гoдинa, а првиот од нив веќе е достапен. Кросоверот NX доби измени во надворешноста и ентериерот за моделната 2022 година, а заедно со ова го доби и првиот plug-in хибриден погон.
Надврешно може да се разликува новата предница, која располага со обновена решетка во типична форма за брендот, како и нови светла со преработени дневни светла, кои веќе се во средината на фарот.

Задниот дел од возилото исто така се доби со слични измени бидејќи тие се највидливите во светлата, кои се со нов дизајн и веќе се поврзани со LED лента. Под неа може да се најде и натписот Lеxus, кој го заменува трационалниот амблем и ќе се сретне кај новите модели.

Во ентериерот промените се највидливи бидејќи првото нешто кое може да се забележи е 14-инчниот дисплеј во централната конзола, кој ги комбинира контролите на екраните за допир, заедно со некои физички „копчиња“. Пред возачот исто така може да се открие дисплеј, но со двојно помали димензии, што ги одзема функциите на аналогната километража.

Од Lexus велат дека патниците ќе можат да се насладуваат на луксузни материјали и опции, како што се повеќе простор за нозете и главата, заедно со зголемувањето на просторот за багаж.
Од брендот ќе откријат повеќе за сите додатоци во блиска иднина, но засега се знае дека ќе биде откриено амбиентално осветлување со различни теми, како што се внатрешни „дигитални рачки“, на вратите, кои не дозволуваат отворање во присуство на велосипедист, автомобил или пешак во слепата точка.

Што се однесува до погонот, претставениот модел во Америка располага со 2.5-литарски бензинов мотор со 206 коњски сили и 249 њутн метри, кој е со погон единствено на предните тркала со помош на осумстепениот автоматски менувач. Во комбинација со електромоторот на задната оска мож да се смета на погон на четири тркала, што ја големува моќта до 242 коњски сили.

Во комбинација со истиот бензинов мотор и поголема батерија може да биде порачана и plug-in хибриднa вeрзија, која ветува 58 километри повеќе само на струја и според Lеxus е еднаква на моќноста на 2.0-лиарскиот бензинов мотор. Моделот ќе почне да се појавува во производство во следните месеци, а продажбите во Америка ќе почнат од почетокот на 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK