Lamborghini објави тизер фотографија за новиот модел кој ќе го прикаже во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на август Autocar повикувајќи се на инсајдерски извори објави дека на саемот во Франкфурт, Lamborghini ќе објави нов модел.

Сега, по само неколку дена, а пред почетокот на саемот во Франкфурт, италијанскиот производител објави тизер фотографија на својот Twitter профил.

Иако фотографијата е затемнета сепак, повеќе од сигурно е дека на саемот во Франкфурт ќе биде претставен модел кој се базира на концептот Terzo Millennio кој беше пак претставен во 2017 година.

Се шпекулира дека продажната цена на овој автомобил ќе изнесува 2,5 милиони долари, а при тоа ќе бидат произведени само ограничен број на автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK