VW California XXL за оние што сакаат да кампуваат и патуваат во природа

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Volkswagen ги објави првите фотографии на моделот California XXL concept пред дебито на саемот на каравани во Дизелдорф на крајот од месецов. Базиран на моделот Crafter, овој California XXL е дома на тркала тежок околу два тона со зголемен покрив, но и покрај масивниот покрив задржан е коефициентот на отпор во рамките на конвенционалниот Crafter.

VW има искуство во правење на “куќи на тркала” – и поради оваа причина одлучи да се развие и нова верзија на неодамнешниот модел Crafter. Новиот модел има голем број на системи за асистенција, удобна суспензија и ниска потрошувачка. VW ималe неверојатна можност да ги пренесaт квалитетите на California во повисока класа, се вели во официјалното соопштение на VW.

За почеток Германците откриваат само некои детали за внатрешното мебел: дв аметри долг и удобен кревет, кауч, ротирачки предни седишта за 180 степени, шпорет со 2 рингли, фрижидер, мијалник, како и бања со туш и тоалет треба да го направат возилото во совршен придружник за долги патувања. Од VW сеуште не откриваат кога California XXL ќе се појави на пазарот и колку ќе чини.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK