Визијата на BMW пристигна во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Иднината на автомобилизмот е тука, визијата на BMW пристигна на саемот за автомобили во Франкфурт.

Погледите на автомобилот на иднината преточени во футуристички концепт под името Vision M Next Concept предизвика огромен интерес во првите неколку дена од саемот во Франкфурт.

Станува збор за целосно електричен и автономнен автомобил кој според официјалните технички карактеристики располага со 592 КС односно 441 kW. Благодарение на т.н. BOOST+ модот, до 100 км/ч има способност да забрза за само 3 секунди додека пак максималната брзина изнесува 300 км/ч.

Дизајнот е производ на историските модели BMW Turbo од 1972 година и BMW M1 од 1978 година, а екстериерот е и евалуација од дизајнерскиот јазик применет кај BMW i8.

Во моментов е произведен само еден примерок од овој модел, а засега нема никаква информација дали овој концепт ќе се појави во продукциска изведба.