Teorema ќе биде целосно автономна – Возачот може да спие додека автомобилот вози

ОБЈАВЕНО НА:

За жал или, пак, не, футуристичкиот електричен автомобил нема да влезе во серија со оглед на тоа што претставува исклучителна фантазија за транспорт на иднината.

Компанијата Аutоmоbili Pininfаrinа го претстави конпцепцискиот автомобил, Tеоrеmа, кој е олицетворение на визијата на Италијанците за „мобилноста на иднината“ и е создаден со помош на VR технологијата.

Досега креаторите покажаа само рендери, на кои може да се види елегентно аеродинамично тело и невообичаен ентериер без ниту еден елемент за управување. Нема ниту волан ниту педали, кои се неопходни за електричен автомобил, па тој е замислен како целосно автономен.

Pininfаrinа става специјален акцент на аеродинамиката на моделот, чија форма е подложена на тестови во аеродинамичниот тунел и корегирана за време на развојот.

Како резултат на тоа должината на електричниот автомобил достигнува 5,4 метри, што е споредливо со она на Mеrсеdеs-Mаybасh S-Klаssе, a висината на италијанскиот концепт е само 1,4 метри. Моделот е базиран на платформа развиена од германскиот производител на челични компоненти Bеntеlеr, специјално за електричните автомобили.

Ентериерот се покажа не помалку оригинален. Тој располага со пет места, подредени по формулата 1+2+2, кои можат да се преместуваат низ кабината. Тие се создадени заедно со производителот на мебел Pоltrоnа Frаu и се во состојба да ја променат не само позицијата, туку и формата.

Во нормален режим може да се свртат кон шофершајбната, а во режим на одмор можат да се претворат во клупи или во опремени спални соби, со оглед на тоа што секој се состои од две фотељи.

За жал или, пак, не, футуристичкиот електричен автомобил нема да влезе во серија со оглед на тоа што претставува исклучителна фантазија за транспорт на иднината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK