Ова е ѕвер: Frangivento Asfane DieciDieci – Концепт со 1010 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската компанија FV Frangivento објави неколку фотографии од концептот кој беше претставен во музејот за автомобили во Торино.

Станува збор за супер моќниот концепт Asfane DieciDieci кој доаѓа со хибриден погон и 5.4 литарски V10 бензински мотори како и два електромотир сместени во предниот дел.

Благодарение на овие мотори овој концептен автомобил продуцира максимални 1010 КС, а за неговите одлични перформанси голема улога има и каросеријата која е направена од јаглеродни влакна и алуминиум при што тежи 1.550 кг.

Frangivento Asfane DieciDieci

Производството на овој автомобил ќе започне следната година, а при тоа ќе бидат произведени само неколку примероци. Точната цена не е позната, а најверојатно ќе изнесува околу еден милион евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK