Наскоро Volkswagen ќе го лансира и ID 3

ОБЈАВЕНО НА:

Наскоро семејството на електрични автомобили ID на Volkswagen ќе добие уште еден член – ID 3.

Во пресрет на премиерата која сеуште не е познато кога ќе се одржи, во јавноста се појавија неколку тизер фотографии од овој концепт.

Од истите може да се види дека станува збор за хечбек модел чија форма е многу слична како кај VW ID Neo. Според достапните информации и овој концепт се базира на новата MEB платформа развиена од Volkswagen, а наменета за електричните автомобили.

Volkswagen ID.3

Кристијн Зенгер, првиот човек на VW за е-мобилност претходно изјави дека овој модел ќе биде понуден со три верзии на батериите. Двете од нив ќе може да поминат до 330 км со едно полнење, додека третата максимални 450 км.

Наскоро се очекува да биде позната цената, точниот датум на појава како и останатите технички карактеристики.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK