Mercedes-Benz EQT e првиот мал електричен премиум комби во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Benz ја најавија премиерата на уште еден претставник на целосно електричното семејство на автомобили EQ. Електромобилот EQT, во моментов само во концепт форма, ќе биде претставен за време на специјалното онлајн издание на 10 мај, а легендарниот скејтбордер Тони Хоук ќе учествува на премиерата.

EQT ќе биде претставен реално како иден додаток во понудата на леснотоварниот оддел на Mercedes-Benz- Mercedes-Benz Vans, и ќе даде претстава за тоа што ќе треба да се очекува во сериската верзија на новиот T-Class на компанијата.

Без да навлегуваат во детали од Mercedes-Benz Vans споделуваат дека Concept EQT ќе ја демонстрира во речиси завршен вид визијата на целосно новиот градско комби на брендот, кој ветува да понуди нова димензија на квалитет во сегментот на малите комби.

Од компанијата исто така споделуваат дека Concept EQT комбинира просторен и модиларен ентериер со атрактивен дизајн и типично ниво на удобност за Mercedes, поврзаност, сооднос на квалитет-цена и безбедност. Крајниот реултат од завршената работа е одреден од брендот како „првото премиум мало комби во светот“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK