Кон крајот на годината пристигнува Golf GTI TCR со 290 КС?

ОБЈАВЕНО НА:

Љубителите на адреналинот, а особено оние вљубеници во Golf имаат причина за среќа. По премиерата на концептот во рамките на фестивалот во Вортерзе, се поизвесно е дека Golf GTI TCR пристигнува во продажба кон крајот на оваа година.

Новиот Golf GTI кој ќе ја носи додавката TCR ќе биде најсилниот GTI модел во историјата на германскиот производител која се огледа низ призмата на TSI моторот со 290 КС. При тоа овој модел ќе остварува 370 Nm, а опремен ќе биде и со седум степенски DSG менувач.

Со овие технички карактеристики, Golf GTI ќе забрзува до 100-ка за нешто помалку од 6 секунди, а максималната брзина која ќе може да ја постигне е 250 км/ч. Спортскиот дизајн е зачинет со Акраповиќ издувен систем, а во внатрешноста е вградена последната мултимедијална технологија на германскиот производител.

Засега останува непозната продажната цена по која ќе се продава како и точниот датум на појавување на производствениот модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK