Kia со концептот Habaniro доаѓа во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Kia Motors и официјално потврди дека на претстојниот саем во Њујорк ќе премиерно ќе претстави концепт возило. Станува збор за концептот Habaniro, трет кој ќе биде претставен годинава по концептите Masterpice претставен во Сеул (Јужна Кореја) и Imagine претставен во Женева.

Засега е објавена само една фотографија, а од она што може да се види е дека станува збор за кросовер автомобил со тробојна каросерија вклучувајќи ги тука црвениот C столб. Тука се и LED светлата, тркалата со off-road гуми, затскриените рачки за отворање на вратата, нетрадиционалните ретровизори и слично.

Инаку саемот во Њујорк започнува на 19 април и ќе трае се до 28 април. Истиот важи за еден од најпопуларните саеми на американскиот континент, покрај саемите во Детроит и Лос Анџелес. Минатата година истиот го посетиле над еден милион посетители, па оттука и важноста на истиот за авто производителите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK