Како ќе изгледа Skoda Scala во родстер верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda ги представи дизајнерските скици на седмиот концепт на кој работат студентите од техничката школа на чешкиот производител. Откaко лани работеа на пикап верзијата Mountiaq на база на Kodiaq сега чесниците на академијата на Skoda треба да го „преработат“ новиот модел – хечбек возилото Scala што треба да го направат родстер.

Чесите планираат да го покажат својот готов прототип во почетокот на јуни. Дотогаш 20 студенти ќе имаат помош од соработници во дизајнерскиот центар на брендот, меѓу кои и неговиот шеф, Оливер Стефани, како и од инженерскиот и производствен дел на Skoda.

„И покрај зголемената употреба на компјутери и симулации, скицирањето е сè уште суштински дел од работата на автомобилскиот дизајнер“, коментира Оливер Стефани. „Со секој допир, идејата станува нешто реално. Скицата е прва од многуте чекори во долгото и возбудливо патување кон нов автомобил“.

Додека чекаме поконкретни детали и фотографии и рендери, сега на ред се првите скици. Од тука се почнува.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK