BMW i4 концептот премиерно во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW потврди дека на претстојниот саем во Женева своја премиера ќе има i4 концептот. Станува збор за електричен автомобил кој се базира на концептот iVision Dynamics кој пак беше прикажан на саемот во Франкфурт во 2017 година.

Според информациите објавени во германските магазини за автомобилизам, овој автомобил ќе има 523 КС, до стотка ќе забрзува за нешто помалку од 4 секунди додека пак максималната брзина е ограничена на 200 км/ч.

Тука е и електричата батерија од 80 kWh која обезбедува автономија од 600 км.

Инаку саемот за автомобилизам во Женева е закажан за 5 март и ќе трае се до 15 март.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK