19_19 Concept – новото лице на иднината на Citroen

ОБЈАВЕНО НА:

Патешествието на Citroen започна во март 1919 година, а нема поадектватен начин на прослава на 100 годишнината од презентација на концептот за иднината на Citroen. Овој концепт е олицотворение на последните погледи на Citroen кон иднината опременувајќи го овој автомобил со систем за автономно возење, персонален асистент и вештачка интелигенција.

Најмногу се истакнуваат големите тркала (30 инчни со 255/30 R30), ретро логото поставено странично, LED светлата од последната генерација, новите седишта со прогресивни хидраулични пернинци и кабина која повеќе потсеќа на дневна соба отколку на класичен автомобил.

Citroen 19_19 Concept

Во однос на димензиите овој концепт е со должина од 465,5 см, 224 см изнесува ширината, 160 см висината додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 310 см.

Во поглед на погонот, тука е електромоторот кој продуцира 462 КС, а до 100км/ч забрзува за 5 секунди. Максималната брзина изнесува 200 км/ч додека пак со едно полнење на батеријата може да помине и до 800 км.

Ова е вториот концепт кој францускиот производител го претставува оваа година, а е по повод големиот јубилеј. Претходно, на саемот за автомобили во Женева беше претставен концептот Ami One. Засега нема потврди информации за тоа дали и кога ќе се појават овие концепти во сериско производство.