Кинески Arcfox со SUV концепт ќе дебитира во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеската компанија Beijing Electric Vehicle (BJEV) која е дел од Beijing Auto на овогодинешниот саем во Женева ќе го има своето деби. Првиот модел на овој производител кој ќе биде претставен оваа пролет во Швајцарија е електричниот SUV концепт Arcfox.

Иако се наближува саемот во Женева, сепак кинескиот производител не објавува информации околу овој автомобил. Она што се шпекулира во кинеските медиуми е дека станува збор за мал електричен SUV со три врати кој се темели на иста платформа како и повеќето Smart модели.

Тоа што својата премиера ја има во Женева воопшто не е случајна, а BJEV се надева дека со ова на мала врата ќе успее да се наметне како лидер во сегментот на мини електрични автомобили кои се очекува својата популарност да ја имаат во Франција, Италија, Швајцарија, Белгија и Шпанија како пазари каде традиционално најголем дел од продажбата припаѓаат на малите и мини градските автомобили.

Инаку за потенцирање е дека оваа компанија претставува заедничко вложување на BAIC и германски Daimler кој во фабриките на оваа кинеска компанија во Кина ќе произведува мали електрични Smart автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK