Kia Tusker e новиот мал SUV – доаѓа кон крајот на годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Kia објави официјални скици од новиот SUV, а при тоа на интеренет се појавија веднаш и првите рендери од новиот мал SUV на Kia. Инспириран од концептот SP Signature кој беше премиерно претставен во Индија, новиот модел се очекува да биде претставен до крајот на оваа година, а ќе биде комерцијлизиран под името Tusker.

Целосно новиот модел се очекува да го придвижува 1.4 литарски турбо мотор со четири цилиндри, а во понудата ќе биде и далеку помоќниот 2.0 литарски мотор. Купувачите ќе може да избираат помеѓу седум степен автоматски и мануелен менувач, а ќе биде достапен само на погон на предните тркала.

Се поизвесно е дека овој модел нема да биде достапен во Европа и Северна Америка, а ќе биде дел од понудата во Јужна Кореја, Русија, Индија и околните земји.