Kia ја претстави седанската изведба на Forte

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сите погледи се насочени кон саемот во Париз, јужнокорејскиот производител Kia се одлучи премиерата на седанската изведба од третата генерација на K3 GT да ја спроведе во Јужна Кореа.

Седанската изведба на К3 доаѓа откако претходно Kia ја претстави хечбек верзијата. Оваа трета генерација доаѓа со 1.6 литарски турбо бензински мотор кој развива 204 КС и 265 Nm обртаи. Овој мотор во понудата е достапен со шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач. Истата оваа комбинација со менувачи е достапна и кај Hyundai i30 SR моделот.

Споредбено со стандардната седанска изведба на K3, спортската GT изведба во внатрешноста добива неколку спортски детали како што се спортските алуминиумски педали, црн ентериер со спортски кожни GT брендирани седишта, амбиенталното светло и слично.

Екстериерно, нема многу разлики освен новите бандажи, затемнетите стакла, ретровизорите во црна боја како и “перката на ајкула” која исто така доаѓа во црна боја.

Секако, тука е и напредната технологија, препознатливиот инфотејнмент како и дополнителната опрема која обезбедува зголемена безбедност и асистенција на возачот.

Моделот К3 кој под ова име е познат во Јужна Кореа, во Европа се продава под називот Forte, а познат е и под името Shuma во Кина и Cerato во Латинска Америка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK