Kia го обнови моделот К9 – повторно само за американскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Три години по премиерата на втората генерација дојде и рестилизираната верзија на оваа генерација од моделот К9. Јужнокорејските медиуми ги објавија првите фотографии, а Kia официјално, премиерата се очекува да ја има во текот на ова лето.

Подновениот К9 кој на одредени пазари се продава под називот Quoris, го има задржано дизајнот од Питер Шрејер, а доаѓа со изменети предни светла, и задни светла кои сега се поврзани со една хоризонтала. Секако, тука е и новото лого кое сега е составен дел од сите модели на јужнокорејскиот производител.

Димензионално подновената верзија останува идентична. Должината изнесува 5.120 мм, ширината 1.915 мм, висината 1.490 мм додека пак меѓуоскиното растојание 3.105 мм. Останува иста и понудата на мотори која ја сочинуваат две верзии со 3,3 литарски бензински мотор со моќност од 250 до 365 КС, а тука е и 3,8 литарскиот Lambda II GDi мотор со 311 КС и 5,0 литарскиот Tau GDi мотор со 419 КС.

Како и втората генерација така и обновената верзија нема да биде дел од европската понуда на Kia и ќе се фокусира на американскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK