И официјално Seat го претстави Tarraco

ОБЈАВЕНО НА:

Откако претходно беа претставени официјални тизер фотографии и беше најавена премиерата, Seat и официјално го претстави најновиот модел во својата гама, Seat Tarraco.

Tarraco е целосно изграден врз MQB платформата истата онаа платформа која се користи кај Seat Arona, Seat Ateca, Skoda Karoq, Skoda Kodiaq, Audi Q2 како и бројни други модели од Volkswagen Групацијата.

Пространоста и комфорноста се појдовна точка при дизајнирањето на овој модел. За ова говори и должината од 4.73 cm, меѓуоскиното растојание од 279 cm како и капацитетот на багажниот простор кој изнесува 760 литри. Земајќи ги токму во предвид димензиите, Tarraco се позиционира над Arona и Ateca во понудата на шпанскиот производител.

Seat Tarraco

Во почетната понуда, овој модел ќе биде понуден со два бензински и еден дизелски мотор. 1.5 литарските и 2.0 литарските TSI бензински мотори ќе бидат достапни со 150 и 190 КС оддека 2.0 литарскиот дизел TDI мотор ќе биде достапен во верзија со 150 КС и 190 КС. Подоцна се очекува во понудата да бидат додадени и дополнителни мотори како и хибридна изведба која би се појавила кон крајот на 2020 година.

Во зависност од опремата, овие мотори доаѓаат со 6 степен мануелен менува и DSG автоматски менувач и со верзија со 5 или 7 седишта. Тука се и шестте мода на возење кои му стојат на располагање на возачот, а се однесуваат за најразлични терени и стилови на возење. Tarraco доаѓа и со мoжност на погон на две и сите четири тркала.

Seat Tarraco

Во однос на есктериерот тој претставува комбинација на Seat Ateca, Skoda Kodiaq и неколку други добро познати дизејнерски елементи карактеристични за другите модели на шпанскиот производител. На предниот дел има малку поразлични фарови од другите модели на Seat, а драстично се истакнати и магленките. Позади имаме споени штоп светла кои за прв пат во рамките на VW Групацијата беа воведени кај моделите на Audi.

Во однос на внатрешноста истата е со дизајнерски црти и елементи позајмени од другите модели на Seat и VW Групацијата. Во централниот дел доминира 10.25 инчната иструментална табла, а тука е и 8 инчниот мултимедијален систем кој нуди бројни можности како што се интегрирање со Apple уреди со помош на Apple CarPlay како и интегрирање со андроид уреди преку апликациајта Android Auto.

Seat Tarraco

Seat вложува многу надеж во овој модел. Во претходниот период со цел популаризација на истиот, главниот збор во дизајнот и изборот на името го имаат вљубениците на овој бренд.

Така во именувањето на овој модел можеа да учествуваат сите вљубеници во автомобилизмот. Така во рамките на #SEATseekingName кампањата од фановите на SEAT беа примени вкупно 133.332 предлози од 106 држави, а предложени беа 10.130 различни имиња на шпански места во склад со насоките кои што ги дефинираше брендот. На крајот во конкуренција на Alboran, Aranda, Avila и Tarraco како најдобар назив беше избран Tarraco.

Со новиот SEAT Taraco, компанијата го засилува своето присуство во SUV сегментот каде веќе ги има Ateca и Arona. Офанзивата на шпанскиот бренд започна во 2016-та со претставувањето на Ateca и продолжи во 2017-та со редизајнот на Leon, петтата генерација на Ibiza и новиот Arona кросовер.

Останува по саемската премиера на претстојниот саем во Париз да бидат познати сите технички карактеристики како и почетната цена за основниот модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK