И официјално претставен Rapid Spaceback

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda во октомври минатата година објави дека за рускиот пазар ќе го врати моделот Rapid во седанска изведба. Откако го направи тоа, Skoda за кинескиот пазар го претстави и фејслифтот од караванската верзија на овој модел.

Оваа верзија доаѓа со бројни екстерни и интерни новитети инспирирани од новата Scala. Највпечатлива е предната маска како и новите предни и задни светла. На задниот дел доминира и натписот Skoda.

Должината на оваа изведба изнесува 4.312 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.603 мм. Висината и ширината е идентична како и основниот модел. Во однос на мотористиката, во понудата доаѓа со 1,5 литарски бензински мотор со 112 КС и 145 Nm обртни моменти. Достапен е со мануелен и автоматски менувач.

Škoda Rapid Spaceback

Продажбата на оваа изведба доаѓа годинава, а производството ќе се спроведува во Кина во фабриката на Shanghai-Volkswagen.