И официјално BMW го претстави M8 моделот

ОБЈАВЕНО НА:

По две годишен развој BMW конечно го претстави ривалот на Mercedes AMG S63 и S65 моделите, моделот М8. Овој модел во целост се темели на основната изведба т.е. на CLAR платформата, а со цел да дојде до што е можно подобри перформанси во изработката користен е алуминиум, магнезиум и пластика со јаглеродни влакна. Оттука и вкупната тежина која изнесува 1.885 килограми.

Како дел од гамата која ја сочинуваат M8 Coupe, M8 Coupe Competition, M8 Cabrio и M8 Cabrio Competition, овој модел во понудата доаѓа со идентични мотори. Така, централно место зазема 4.4 литарскиот twin-turbo V8 мотор со 600 КС и 750 Nm обртни моменти, а во комбинација е со осум степен автоматски менувач. Со овој мотор до 100 км/ч забрзува за 3.2 секунди.

 

BMW M8

Саемската премиера сепак ќе ја има во септември, на саемот во Франкфурт, кога се очекува да се појави и во продажните салони на BMW ширум светот. Почетната цена во САД изнесува 133 илјади евра.

Досега во понудата на BMW никогаш немало модел со ознака М8, освен еден прототип што се појави во 1990 година и имал V12 мотор.