Hyundai Santa Cruz создава нов сегмент – Sport Adventure Vehicle (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот оддел на Hyundai ги откри првите детали преку фотографии и видео снимки за целосно новиот пазарен предлог на брендот, пикапот Santa Cruz, иако од компанијата него го карактеризираа како таков моделот туку како SAV (Sport Adventure Vehicle) автомобил.

Од Hyundai прават еден чекор напред со определувањето на Santa Cruz, како модел кој ги разбива стандардите како кај СУВ возилата, така и кај пикапите, создавајќи еден целосно нов сегмент.

Hyundai Santa Cruz е развиена од северноамериканскиот дизајн оддел на Hyundai – Hyundai Design North America, и од компанијата го опишуваат како комбинација на оние од градските авантуристи кои често излегуваат надвор од населени места во побарувачката на нови понуди.

Од брендот исто така споделуваат и дека автомобилот го нуди посакуваниот дизајн, понуда на погонски  агрегати со високи перформанси, вклучувајќи електрифицирани варијантиверзии, интернет повраност, товарен оддел со модулен систем за обезбедување на оптоварување и интелигентен систем за погон на четири тркала.

Hyundai Santa Cruz

Hyundai Santa Cruz е развиена од северноамериканскиот дизајн оддел на Hyundai - Hyundai Design North America, и од компанијата го опишуваат како комбинација на оние од градските авантуристи кои често излегуваат надвор од населени места во побарувачката на нови понуди. Santa Cruz дебитира со избор меѓу два мотори: 2.5-литарски, четирицилиндричен со моќност од над 190 коњски сили и уште една 2.5-литарска варијанта со над 275 коњски сили. Првата од модификациите ќе биде окнфигурурана со осумстепен менувач, а втората со роботизиран DCT. И двете ќе бидат исполнети со систем за движење на четири тркала HTRAC

Во однос на погонските агрегати, Santa Cruz дебитира со избор меѓу два мотори: 2.5-литарски, четирицилиндричен со моќност од над 190 коњски сили и уште една 2.5-литарска варијанта со над 275 коњски сили.

Првата од модификациите ќе биде окнфигурурана со осумстепен менувач, а втората со роботизиран DCT. И двете ќе бидат исполнети со систем за движење на четири тркала HTRAC.

Во однос на системите за безбедност и поврзаност од Hyundai коментираат, дека Santa Cruz ќе располага со целосен спектар на системи, познати во актуелната понуда на брендот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK