Hyundai KONA N – СУВ, кој ги крева степените до N-степен

ОБЈАВЕНО НА:

Целосно новата KONA N е најновиот додаток во редот на спортскиот оддел N на Hyundai и првиот „вистински врел СУВ“, кој поседува тркачки гени и флексибилност на теренско возило. Hyundai Motor ја проширува понудата N и N Line на 18 модели до 2022 година.

За максимално задоволство од возењето, целосно новата Hyundai KONA N ќе се нуди со осумстепен менувач со двојна спојка и 2.0 турбо мотор. Со технологијата, инспирирана од моторните спортови, брендот N прва класа обезбедува испорака на емоции при возење, обезбедувајќи можности за тркачки патеки и „хулиганско“ однесување на патиштата. Не е исклучок и комплетниот нов теренец KONA N, претставен на Hyundai N Day.

„KONA N е вистински врел џип со нивото на динамика на кладичниот хот-хеч. Го крши правилото дека џиповите се помалку забавни за управување. Како N модел тој излегува надвор од границите на обичниот СУВ. KONA N може да навлезе во секој свиок на пистата и да го инспирира секојдневно при возење“, вели Алберт Бирман, претседател и раководител на одделот за научноистражувачката и развојна дејност во Hyundai Motor Group.

N DCT: Специјално развиен за динамично возење
KONA N се напојува од 2.0-Т-GDI мотор и осумстепен автоматски менувач со двојна спојка (N DCT). N DCT е подобрена верзија на развиената 8DCT од компанијата, осумстепен менувач со двојна спојка. За да одговара за N моделите, 8DCT доби подобрување во издржливоста, кои дозволуваат да одговори на потребите за притисок на Hyundai N.

Во комбинација со 2.0-литарскиот T-GDI мотор дава најдобра динамика со примена на уникатни релации на брзина. Единицата за управување со менувачот е калибрирана за N, што води до побрзо менување и дава можност за опсег на ексклузивни функции за возење.

N DCT воведува уште подинамични функции за возење
N DCT дозволува екслузивни динамични функции кои со сигурност ќе внесат насмевка на лицето на возачот: N Power Shift, N Grin Shift и N Track Sense Shift. Овие карактеристики ги подобруваат можностите на автомобилот со употреба на специјално управување на логичната контрола на смената.

N Power Shift (NPS) се вклучува, кога автомобилот забрзува со повеќе од 90 проценти од гаста, а на тој начин се ублажува секое намалување на вртежниот момент при менување на брзина, за да се добие максимално моќност на тркалата. Тоа ја подобрува забавата при возење со создавање на чувство за притисок при промена на брзината. Придружниот звук на гром и удар, што доаѓа од ауспухот, нагласувајќи ја спортската изведба.

N Grin Shift (NGS) ги максимализира перформансите на моторот и DCT за 20 секунди. За да се добие максимално забрзување, автомобилот ќе се префрли директно на најсоодветната брзина. За активирање, возачот притиска специјално копче на воланот и на кластеорт почнува обратно броење, кое ги покажува останатите секунди на таа функција.

После завршувањето на „засилувањето“ возачите треба да почекаат барем 40 секунди, за да го користат одново. Оваа функција дозволува возачот да го користи целосниот потенцијал на автомобилот само со едно копче, на пример, кога го брка најдоброто време во круг. Исто така може да биде од корист при претекнување или влегување на автопат.

Конечно, N Track Sense Shift (NTS) го оптимизира адаптивното менување за возење на патеката, помагајќи му на возачот повеќе да се фокусира за возење на патеката, помагајќи му на взачот повеќе да се фокусира кон управувањето. Врз основа на податоците од автомобилскиот спорт, вокомбинација со однесуваењто на возачот, автомобилот избира правилно време на менување на брзината и менувачот со спортски услови за возење за да обезбеди оптимални перформанси, исто како и професионалниот возач на тркачки автомобил.

Овие специјални N функции се во прилог кон пет различни режими на погон на N Grin Control System: Normal, Eco, Sport, N и Custom.

Мотор, кој ја запечатува насмевката на лицето
Моторот на KONA N обезбедува максимална моќност од 280 коњски сили и 392Нм вртежен момент. Со N Grin Shift моќноста се зголемува до 290 коњски сили, максимално зголемувајќи ја забавата за возење. Моторот нуди рамна моќност, што обезбедува висока реакција и подобрено забрзување за уште поголема забава на патот или на пистата, а на тој начин се користи повеќе од потенцијалот на секунди кога е активиран Launch Control.

Новиот модел Hyundai N располага и со N Corner Carving Differential, електронскиот диференцијал со ограничено лизгање (E LSD) за контрола на вртежниот момент кон погонските тркала. KONA N исто така е опремена и со 19-инчни ковани тркала со високоефективни сопирачки и гуми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK