Hyundai ја претстави освежената Elantra

ОБЈАВЕНО НА:

Дефинитивно најдобра до сега! Hyundai ја претстави освежената шеста генерација на Elantra и веднаш ги освои симпатиите на авто вљубениците.

Бројни измени во екстериерот, но не толку во ентериерот, новата Elantra е одраз на последните достигнувања на Hyundai во поглед на дизајнот. Новитет се предните фарови чиј LED светла влегуваат подлабоко во маската на ладилникот. Целосно нови светла има и на задниот дел, а нови се и двата браника.

Димензионално, освен зголемување на должината за 100 мм, другите димензии се идентични како и актуелниот модел. Така широчината изнесува 1.801 мм, височината 1.435 додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.700 мм.

2019 Hyundai Elantra

Во однос на моторизацијата, оваа освежена Elantra ќе ги задржи актуелните мотори вклучувајќи ги трите 1.6 литарски Gamma, Gamma G4Fj и U2 мотори. Тука е и 1.4 литарскиот со 128 КС како и 2.0 литарскиот со 147 КС. Во зависност од моторот и изведбата, Elantra ќе биде достапна со шест степен и седум степен мануелен и автоматски менувач.

Во внатрешноста, освен неколку нови ситни детали нема многу новитети. Треба да се напомене само дека новата Elantra доаѓа со унапреден инфотајмент систем со последната верзија на Apple CarPlay и Andrid Auto.

2019 Hyundai Elantra

Првата генерација на Elantra се појави во далечната 1991 година. Првично наменет за азијскиот пазар овој модел за кратко беше лансиран речиси на сите пазари, а од 1991 до денес Hyundai во континуитет го произведува овој модел лансирајќи вкупно шест генерации.

Освежената Elantra во продажб влегува оваа есен во САД, додека датумот за почеток на продажбата во Европа како и цената се уште не е позната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK