Hyundai го претставни новиот i10, но верзијата за Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Во исчекување на саемот во Франкфут кој ќе се одржи во септември, Hyundai ја претстави новата генерација на i10, но моделската изведба наменета за пазарот во Индија. Од претходно е познато дека годинава ќе биде претставена новата генерација на најмалиот автомобил во понудата на Hyundai, но овој производител неочекувано се реши да го претстави моделот за Индија.

Екстериерно, овој модел е многу различен од досегашните рендери, но и шпиунски фотографии објавени на интернет. Оттука и заклучокот дека “европскиот” i10 ќе биде значително различен во однос на овој претставен модел.

Продажбата во Индија започнува кон крајот на овој месец, а во понудата ќе се наоѓа 1.2 литарски бензински мотор со 83 КС и 1.2 литарски дизелски мотор кој доаѓа со стандардниот мануелен менувач.

Во однос на моделот наменет за Европа, истиот доаѓа со нови LED светла, ентериер, инфотејнмeнт, бампери и за малку поголема просторност е она што се очекува кај новата генерација, а што може да се утврди од наведените рендери. Секако, тука се и новите бои како и мотори со кои ќе се зголеми понудата на овој мал автомобил.

Овој автомобил е особено важен за Hyundai на европскиот пазар особено во Италија, Франција и Шпанија каде малите градски автомобили се многу популарни и сочинуваат најголем дел од годишната продажба на нови автомобили. Оттука се очекува премиерата да биде токму на европско тло и тоа во Женева, а цените доста поконкурентни во однос на европските конкуренти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK