Hyundai го претстави Alcazar – нов СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai и официјално го претстави својот најнов модел именуван како Alcazar. Се работи за SUV модел кој доаѓа со верзија со шест и седум седишта, а кој е најавен како премиум модел за пазарот во Индија. Моделот се базира на K2 платформата развиена од страна на Hyundai-Motors, а која ја користат бројни модели на јужнокорејскиот производител како Hyundai Venue, Hyundai Crete, Kia Sonet…

Дизајнот е инспириран од втората геенерација на моделот Creta која беше воведена во понудата уште во 2019 година. Тоа значи дека надворешниoт изглед како и изгледот во внатрешноста се целосно инспирирани од овој модел, а разликата е во димензиите.

Купувачите ќе може да бираат помеѓу 1,5 литарскиот бензински и 1,4 литарскиот турбо-бензински мотор. Овие два мотори се дел и од понудата на Creta. Alcazar доаѓа и со помоќниот 2,0 литарски бензински мотор кој продуцира 159 КС. Овие мотори доаѓаат во комбинација со шест степен мануелен и шест степен автоматски менувач.

Во внатрешноста покрај големата простроност, впечатлив е и 10,25 инчниот екран, автоматската клима, дигиталната инструментална табла, панорамскиот кров, камерата од 360 степени како и безжичното полнење на паметни телефони.

2021 Hyundai Alcazar Teased As New Seven-Seat SUV Ahead Of April Debut

Производството на овој модел стартува уште овој месец во фабриката во Ченаи (Индија). Во продажба ќе биде достапен од мај, а ќе се продава само во Индија. На овој пазар доаѓа како конкурент на MG Hector Plus, Tata Safari и Mahindra XUV500.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK