Huawei го претстави првиот автомобил – има батерија за 700 км.

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на годината кинескиот гигант Huawei ги објави плановите за влез во автомобилската индустрија. Сега, многу порано од очекуваното го претстави и првиот автомобил развиен во соработка со BAIC.

Се работи за автомобилот Arcfox Alpha S кој е целосно електричен, а доаѓа со последната софтверска и хардверска технологија развиена од страна на Huawei. Каросеријата и останатите компоненти се развиени од страна на BAIC, но и во истата учествуваа и инженери на Huawei.

Автомобилот доаѓа со батерија од 93,5 kWh која обезбедува автономија од дури 700 км. Импресивен е и податокот дека за само десетина минути се полни околу 25% од батеријата што е доволно за автомобилот да помине околу 200 км.

Во слободна продажба овој автомобил доаѓа во текот на оваа година. Почетната цена, за основната верзија, изнесува 38.700 американски долари додека најскапата верзија ќе се продава по цена од 66.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK