Honda го врати Passport во живот

ОБЈАВЕНО НА:

На годнешниот саем за автомобили во Лос Анџелес, јапонскиот производител Honda ја претстави третата генерација на Passport кој по пауза од 16 години се враќа на светската сцена.

Овој SUV кој со меѓуоскино растојание од 2.820 мм и должина од 4.840 мм се сместува помеѓу CR-V и Pilot, опремен е со 3.5 литарски V6 бензински мотор со 280 КС, а во понудата доаѓа со деветстепен автоматски менувач.

Екстериерно, овој модел е многу сличен со Honda Pilot, а сличен е и ентериерот кој доаѓа со голем голема LCD инструментална табла со Apple CarPlay и Android Auto софтвер, а во однос на безбедноста тука е и системот за автоматско сопирање, известување за фронтален судар, адаптивен темпомат, систем за предупредување за напуштање на сообрќаајната трака и слично.

Honda Passport

Од претходно е познато дека овој модел ќе се произведува во американската фабрика во Линколн (Алабама) и ќе се продава исклучиво во Северна Америка. Токму на овој регионален пазар овој модел ќе конкурира на Chevrolet Blazer, Ford Edge, Hyundai Santa Fe и Nissan Murano, а во понудата на Honda се позиционира помеѓу CR-V и Pilot.

Историјата на овој модел започнува во 1993 година кога е претставена првата генерација која се произведуваше исклучиво во САД. По четири години претставена е и втората генерација која во производство останува се до март 2002 година.