Ford го претстави обновениот Escort – ама за Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Иако моделот Escort во Европа за последен пат беше продаван во 2000 година, а во Северна Америка производството заврши три години подоцна, овој модел се уште се произведува и продава на кинескиот пазар.

Токму овој Ford Changan ја претстави обновената верзија која доаѓа со бројни измени инспирирани од кинескиот Ford Focus. Впечатлива е предната маска на ладилникот, новата хауба, ретровизори, предните и задни светла, модифицираните браници како и новите алуминиумски фелни.

Оваа верзија сега е за 46 мм подолго, па така вкупната должина изнесува 4.633 мм. Останатите димензии остануваат неизменети како и меѓуоскиното растојание кое останува 2.687 мм. Во однос на мотористиката, во понудата останува 1,5 литарскиот бензински мотор со 122 КС кој е впарен со шест степен мануелен, но опционално, и со автоматски менувач.

Инаку во кинеската понуда на Ford овој модел е воведен во 2015 година. Се произведува во Чонгќинг, од страна на заедничката компанија на Ford со Changan.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK