Ford го подготви Ecosport и за европскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Ecosport ќе се нуди во три верзии со еднолитарски EcoBoost бензински мотор, со 140, 125, а од средината на следната година и со 100 КС.

Ford ги објави првите детали за својот нов компактен SUV модел ECOSPORT кој ќе се појави на европскиот пазар до крајот на годинава. Моделот доаѓа со редизајн во надворешниот изглед и внатрешноста и со освежена понуда на мотори.

Основни акценти на Ford Ecosport се неговата динамичност, целосно нов 1.5 литарски EcoBlue дизел мотор, интелигентниот систем за погон на четири тркала, додадените можности за персонализација на екстериерот и ентериерот. Воведувањето на целосно ново ниво на имплементација на моделот на EcoSport ST-Line.

За европскиот пазар Ford Ecosport ќе има зголемена опрема како 8-инчен екран чувствителен на допир, загреан волан, луксузно аудио B&O PLAY, вграден инфо-комуникациски и навигациски систем SYNC 3, адаптивен круз- контрола, камера позади и многу повеќе детали

Во комбинација со новиот 1.5 литарски EcoBlue дизел мотор че нуди максимална моќност од 125 КС и максимален вртежен момент од 300 Нм, и шест-брзински мануелен менувач. Новиот ECOSPORT ќе биде во можност да помине 100 километри со 4,5 литри гориво.

Ecosport ќе се нуди во три верзии со еднолитарски EcoBoost бензински мотор, со 140, 125, а од средината на следната година и со 100 КС.

Новата верзија на Ecosport ST-Line, ќе се разликува од другите претставници на моделот со уникатни браници и странични детали, црни шини на покривот, 17-инчни алуминиумски тркала, спортски волан со заострен долен дел и кожен тапацир, делумно кожна внатрешност и други.

Новиот Ecosport ќе се произведува во фабриката на компанијата во Крајова, Романија, каде Ford инвестираше 200 милиони евра.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK